Kaeвски: Анти ЕУ коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев

-Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се истурените ликови на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата.

Она што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев, она што  Мицкоски го нарачува Апасиев го одработува.

Мицкоски и проруската инсталација Апасиев заедно шират хистерија преку лажни вести и навреди- изјави на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

-Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Но, не е ова прв пат ВМРО ДПМНЕ и Левица заедно да се обидуваат и да создаваат тензии.

Се уште се сеќава јавноста на лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица за кантонизација, федерализација, мигрантски кампови, дека со Преспанскиот договор се продавал идентитетот, за бугаризација.

Лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица немаат карај, тоа се десруктивни партии кои не сакаат државата да оди напред, бидејќи така им одговара.

Самиот Мицкоски јавно призна дека не сака во ЕУ а Апасиев сонува за Русија.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мисли добро на државата, напротив тие сакаат државата да биде изолирана, внатрешно поделена и наместо европска, да има несигурна и неизвесна иднина.

Граѓаните одамна знаат какви деструктивци се Мицкоски и Апасиев, и затоа и овие обиди нема да им успеат – рече Каевски.

 
 

Back to top button
Close