Каевски: Груевски ќе биде уапсен во истиот момент кога ќе стапне во земјава
Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Дарко Каевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со големи внатрепартиски проблеми и додаде дека СДСМ нема намера да се меша во внатрешните пресметки на партијата. Напомена и дека нема да има амнестија за поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и оти тој ќе ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.
-Внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи. СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот. Мицковски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ. Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, изјави денеска Каевски.
Тој со прашање до Мицкоски дали всушност на овој начин, како што рече, ги прикрива барањата за амнестија на неговите сопартијци, заради незадоволство од него.
-Политиката на блокада на Мицкоски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него. За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицкоски е толку нервозен, рече Каевски.
Тој додаде дека СДСМ ќе направи се и нема да дозволи, како што рече, Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник.
-Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ, изјави Каевски.