Каевски: Изборите ќе бидат догодина, во редовниот термин, подготвени сме да разговараме за датумите на ниво на работни групи

Ставот на СДСМ е принципиелен и непроменет, изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин, прво претседателските, а потоа и парламентарните, рече денеска партискиот портпарол и пратеник, Дарко Каевски.

Како што истакна Каевски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, СДСМ е подготвена да разговара за датумите за изборите, на ниво на работни групи.

-Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски а потоа и парламентарни. За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските, а потоа и за парламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа, рече Каевски.

Back to top button
Close