Каевски: Над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра во новиот мандат

Економските политики на СДСМ значат поголеми плати и повисок животен стандард на граѓаните.

Просечната плата СДСМ успеа да ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари!

Тоа се 650 евра.

Во времето на ДПМНЕ, просечната плата беше едвај 22.000 денари или 360 евра.

СДСМ не само што го исполни своето изборно ветување за 500 евра просечна плата туку и го надмина на 650 евра.

Денеска просечната плата е за 290 евра поголема од времето на ДПМНЕ, речиси двојно.

СДСМ го вреднува и го почитува трудот на работниците, со СДСМ има повеќе за сите.

А ДПМНЕ ги сметаше работниците за евтина работна сила и парите наместо за граѓаните ги фрлаше на споменици и стиропор.

Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард.

Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма

Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра.

Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни.

Back to top button
Close