Каевски: Пресудата за „Талир 2“ е победа на правдата над епските криминали на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец

Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник, кажа дека е исправена уште една неправда и пресудата за „Талир 2“ е победа на правдата над епските криминали на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец.
„Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Пресудата за Талир 2 е нова потврди за епските граници на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.
Со судска пресуда е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.
ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Криминалната шема за Белиод дворец е драстична, безобразна, епска.
Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.
А претходно, оваа партија „за џабал’к“ го откупила земјиштето кое било во државна сопственост.
Белиот дворец како симбол на криминалот и корупцијата ќе остане запаметен засекогаш, изграден преку безобразно кршење на Законите и рушење на Уставната поставеност на партиите.
Почитувани граѓани,
Исправена е уште една неправда.
По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните.
Ова е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните.
Освен заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за виновни се прогласени Никола Груевски и Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата во тоа време.
Јавноста знае дека Христијан Мицкоски исто така му беше советник на Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
До ден денеска Мицкоски не само што се нема оградено од криминалот на неговиот ментор Никола Груевски, туку истиот по секоја цена го брани.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси.

 

ВМРО-ДПМНЕ партија за која што е докажано дека криминално го стекнала своето  седиште, од денеска веќе нема образ да зборува за ништо друго, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните“, кажа Каевски.

Back to top button
Close