Каевски: Саемот на ВМРО-ДПМНЕ – партиски панаѓур за отчет на градоначалници пред шпицниот градоначалник Мицкоски

За оваа една година локална власт на ДПМНЕ граѓаните не видоа ниту еден нов капитален проект, ниту едно решение, ниту помош во време на криза.

Но затоа секојдневно гледаат кавги за провизии и тендери, масовна партизација и расипничко трошење на народните пари во време на светска криза.

Резултатот од една година локална власт на ВМРО ДПМНЕ се гледа во Скопје: целосен хаос во градот.

Наместо бесплатен превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси ниту тие што ги има не возат, заглавени, нефункционални јавни претпријатија и нула проекти.

Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски панаѓур ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Не пред граѓаните, пред Мицкоски.

Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните, туку за личните и бизнис интереси на Мицкоски.

Мицкоски е шпицниот градоначалник на секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој прави увиди, тој договара набавки, пред него, наместо пред граѓаните даваат отчет градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Сосема исто како во времето на Никола Груевски, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

Прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски

Back to top button
Close