Каевски за „24 анализа“: Мицкоски се обиде да ја саботира акцијата Двојник, надлежните инситуции водат истрага, секој кој е вмешан треба да одговара

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски се обиде да ја саботира целата акција Двојник, и ако ги видиме сите оние прес конференции и сите објави кои излегоа од МВР можеби патот на целата оваа акција, води во белиот дворец, во седиштето на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Тој додаде дека со самото тоа што Мицкоски се обиде да ги каже деталите еден ден пред да се случи акцијата, перцепцијата на граѓаните е дека се обиде да ја сопре.

Но, ако видиме дека во тие 215 пасоши има и пасош на господинот Горан Груевски, кој е избеган од нашата држава, а беше висок функционер во УБК и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ покажува дека патот на оваа истрага може да се бара и натаму, рече Каевски, додавајќи дека лидерот на опозицијата во ниту еден момент не го чувме да се огради од тврдењата на МВР дека еден од осомничените е во постојан контакт со него.

Каевски смета дека истрагата треба да се прошири, и нема да биде само кон службеници во МВР, туку и пошироко, да се дознаат сите детали и мотиви.

Од друга страна кога лидерот на опозицијата ги има сите тие податоци верувам дека институциите ќе отворат постапка да дознаат од каде доаѓаат тие податоци и кој е мотивот ден пред завршување на една сериозна операција, која инволвира голем број криминалци, операција која е во партнерски односи со канцеларијата на Интерпол, Канцеларијата за безбедност и истраги на амбасадата на САД, кој е мотивот тие информации да бидат издадени на јавноста, рече Каевски.

Очекувам дека истрагата ќе се прошири и дека секој што е вмешан ќе биде изнесен пред лицето на правдата. Покажавме и докажавме дека знаеме да водиме битка со криминалот и со злоупотреба на законите и службените должности и верувам во периодот што следи уште посилно и поинтензивно ќе продолжиме, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Back to top button
Close