„Кафе кино“ до 28 јули, вечер е филмот „Гостинот“
Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, од 18 до 28 јули се одржува неговата традиционална филмска содржина „Кафе кино“, со проекции во Сули ан од 21 часот.
Денеска (20.07) програмата вечер е романтичната комедија „Гостинот“, италијанско-швајцарска копродукција, во режија на Дукио Кјарини од 2018 година.
Од утре и во наредните денови до крајот на „Кафе кино“ (28 јули), на програмата се и филмовите: „Сè за мене (Младиот човек на свеж воздух) од Германија; „Ѕверот во џунглата“ од Холандија; „Каде си, Жоао Жилберто?“ – швајцарско-германско-француска копродукција; „Брит-Мари беше тука“ од Шведска; „Сонот на Катрина“ – швајцарско-италијанска копродукција; германските „Двојна неволја – магичното огледало“ и „Разврска“ и турскиот „Девојката со црвена марама“ на последниот ден од филмската програма.
Организаторот на „Скопско лето“ – Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, потсетува на протоколите според кои бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на мерките: носење заштитни маски; мерење телесна температура; физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција, а влезот на публиката ќе почне во 20.30 часот
Влезниците се по цена од 100 денари и се продаваат онлајн преку kupikartizase.com или во „Југотон“ во Градскиот трговски центар.