Како да ги остварите добрите намери во новата година?
Имаше многу добри намери за 2024 година. Ќе ослабеме, ќе пиеме помалку алкохол, ќе поминуваме повеќе време со драгите луѓе и така натаму.
Но, не беа ли сите тие убави желби и за претходната година и за таа пред неа и така во долга низа? Веројатно, ваквите новогодишни одлуки секојпат се исти.
Тоа не треба да изненадува. Ентузијазмот со кој влегуваме во новата година е како огномет. Раскошните експлозии брзо исчезнуваат. Потоа го презема внатрешниот кочничар. Па потоа од година во година пак по старо.
Но, ако обрнете внимание на неколку работи, 2025 година навистина може да биде добра година.
1. Едно по едно
„Најголемата грешка е кога се планираат премногу работи одеднаш“, вели експертот за спортска психологија и работна психологија Марио Шустер.
Кој не само што сака да престане да пуши, туку во исто време сака да ги исфрли слатките од исхраната и сака веднаш да почне да трча – гарантирано ќе биде преоптоварен.
„За да ги надминеме старите навики потребна ни е волја“, објаснува Шустер.
Сепак сте запалиле една? И покрај тоа не треба да се откажуватеСепак сте запалиле една? И покрај тоа не треба да се откажувате
Сепак сте запалиле една? И покрај тоа не треба да се откажуватеФотографија: AP
А неа никој ја нема во изобилство. Со повеќекратни цели, нашата волја се дели во повеќе правци и брзо се исцрпува. На крајот, не стигнуваме никаде. „Ништо не зборува против тоа да ги промениме нашите навики. Но, важно е – едно по едно.“
2. Мора да причинува задоволство
Сега треба да одредиме една цел на која треба да се концентрираме. Но, која? Сите наши намери се разумни и имаат смисла.
„Постигнувањето мора да радува. Потребен ни е позитивен пристап кон промените“, вели Шустер.
„Морам да престанам да пушам“ и „Сакам да престанам да пушам“ се изјави кои малку се разликуваат јазично, но психолошките разлики помеѓу „мора“ и „сакам“ се исклучително важни за долгорочно остварување на намерите.
3. Да се биде реален
Ако некој цела година лежи на кауч, а во наредната година има намера да оди во теретана или да трча четири пати неделно, веројатно ја поставил границата превисоко.
Треба да биде горд ако се присилува да оди на спортска активност два пати неделно.
„Редовноста е поважна од времетраењето и интензитетот“, објаснува спортскиот психолог Шустер.
Тој додава дека на крајот сѐ е до развивање на спортските навики. Секој кој не се преоптоварува од почетокот, има шанса да го задржи задоволството во она што го прави.
4. Кажете ја намерата гласно
Избравте цел и почнавте да ја обликувате. „Во тој момент може да помогне да се каже на неколку луѓе“, вели психологот.
Затоа што ветувањето што си го даваме во тишина лесно е да се прекрши, а изречено на глас има поголема обврзувачка сила.
5. Тешкотиите се нормални – не се разочарувајте
Годината напредува, целите се остваруваат. Потоа доаѓа првиот пад на мотивацијата. Се посегнува по цигара. Или гравитацијата на каучот е поголема од било кога. Потоа легнуваме на каучот и палиме цигара. Што сега?
„Во никој случај тогаш не треба да се осудувате себеси“, предупредува Шустер, објаснувајќи дека тоа може да доведе до неуспех на целата цел.
Ќе бидете поуспешни ако остварувањето на зададената цел во новата година ви чини задоволствоЌе бидете поуспешни ако остварувањето на зададената цел во новата година ви чини задоволство
Повременото враќање на старите начини на однесување е секогаш можно, дури и веројатно. И тоа е нормално.
Наместо каење, фокусот мора да биде на успесите – дури и на најмалите. Ова ја зголемува вашата сопствена ефективност – верувањето дека можете да постигнете нешто со свои сили, објаснува спортскиот психолог.
Кој има верба во себе не се откажува така лесно.
6. Подобро никаква отколку лоша намера
И добрите намери може да бидат лоши. Ова е случај кога тие можат да се интегрираат во нашиот живот само со сила и кога движечката сила е „мора“, а не „сакам“.
Кога ќе доживееме крах со фанфари и кога ќе се осудиме себеси до крај тоа ја намалува нашата верба во фактот дека можеме сами да го постигнеме она што сме го наумиле, тогаш ред е да кажеме дека нашата добра намера всушност била лоша.