Како да зборуваме за владеење на правото кога цел систем е фасциниран од својот статус на слуга?

Aна Чупеска
💣 ДПМНЕ ПРОИЗВЕДУВА СИСТЕМСКА ПСИХОЗА ВО ЛОКУС НА ПСЕВДО-ДРЖАВНОСТ
Прво, сведочиме автократски предизвикана хипертрофија на државата. Затоа, мораме веднаш да го прекинеме овој мазохистички континуитет.
Она што ни се сервира под превезот на „мандат“ и „волја на граѓаните“ е ништо друго освен апсолутистичка хипертрофија.
ВМРО-ДПМНЕ неможе веќе да ја третираме како демократска политичка партија туку како агенс на деструкција, чија примарна функција е целосна партиска колонизација на државниот апарат.
Ова не е демократија, туку авторитарна инкапсулација на моќта.
Тоа е тотален кич!
Wanaabe контролен изотоп!
🔱
Слично, сведочиме и на институционална сесублимација: од право во партиска свита ( не елита!) Оти последново сепак изискува извезна вредност.
Гледајте ги институциите!
Тие се десублимирани до ниво на партиски pit – stop! Нема веќе правен поредок, туку има административна лојалност. Судовите, инспекторатите, безбедносните служби – сите се оперирани од интегритет и претворени во логистичка поддршка за заштита на клиентелистичката клика.
Правдата е селективна апорија, а не универзален принцип.
Како да зборуваме за владеење на правото кога цел систем е фасциниран од својот статус на слуга?
Ова е неподносливо ниво на провинцијализам!
Најстрашна е сепак, когнитивната експлоатација преку усмртување на критичката свест! Тие ги егзилoзираат хуманистичките науки – оние што креираат слободна мисла и морален интегритет. И оваа идеолошка травестија со неолиберален потпис има целта да произведе генеричка маса лесна за манипулативно проширување и пропагандистичка реанимација.
Во ера на медиумска хистерија и дигитална мистификација, тие го отстрануваат интелектуалниот имунитет на нацијата.
Тоа е бескрупулозна манипулација, мили мои!
Оттука, мора да се револтираме против оваа системска дегенерација. Оваа власт создава интензивна политичка апатија, каде што граѓаните стануваат пасивни набљудувачи на сопственото политичко самоубиство.
Сè додека не излеземе од оваа токсична бинарност на „ние“ и „тие“ и не почнеме да бараме субстантивна, еманципаторска демократија, ќе останеме заглавени во овој партиски крипто-авторитет и псевдо-државност. Нема назад!
Борбата продолжува!

Back to top button
Close