Како ќе изгледа еден училишен ден – наставниците мора да бидат присутни во училница

Повеќе нема да се случува само по е-пошта учениците да добиваат материјали за учење, па да му ги враќаат на наставникот. Наставниците задолжително мора да бидат присутни во училница. Учениците ќе имаат претходно објавен распоред на часови.

Вака изгледа дел од протоколот подготвен од Комисијата за заразни болести, кој Владата треба да го усвои за учебната година конечно да започне.

-Во моделот настава со физичко присуство наставникот ќе биде присутен во училницата и ќе го предава материјалот непосредно пред учениците чии родители одлучиле тие да посетуваат настава со физичко присуство. Доколку во паралелката одредени родители побараат учениците да следат онлајн-настава, часот ќе се пренесува во живо за сите нив (ученици што следат настава од дома) или, пак, доколку можностите не дозволуваат стриминг во живо, часот ќе се снима и потоа ќе проследи до сите останати ученици преку апликациите што се користеа и во изминатата учебна година или ќе му се достават печатени материјали на секој ученик одделно. Исто така, наставникот може да одбере веќе снимен час на соодветната тема поставен на „Едуино“, велат од Министерството за образование и наука за „Факултети“.

Целиот текст на „Факултети

Back to top button
Close