Како и зошто Богојески – Бунтур смета дека му следи извинување?

Пред два дена до редакцијата на libertas.mk стигна меил во кој Петар Богојески-Бунтур, преку својот правен застапник, инсистираше дека е наклеветен бидејќи сме презеле вест од друг медиум според која неговото кратко директорување со Националната Агенција за образовни програми Еразмус завршило по забелешки кои стигнале од претставниците на ЕУ и директно од Брисел.

Богојески оценил дека не сме навеле доказ дека Брисел имал такво барање што е практично невозможно имајќи предвид дека таквите барања се често резултат на директна комуникации и ретко се наведуваат во официјални барања.

Едноставно, имате кредибилен извор.

И повеќе медиуми кои го наведуваат истото.

Богојески пак тврдеше дека смената е поради „прередување“ на коалицијата на власт, во која е дел и Македонски концепт.

Како и да е чија и да е вистината Либертас никогаш никого, па и господинот Богојевски, немал причина да ги клевети но сепак ако тој смета дека Либертас со овој текст го повредил и го наклеветил редакцијата му се извинува.

Back to top button
Close