Како Катастар ги запишал дивоградбите од Чаир, објаснува директорот Живковски
По прес-конференцијата и низата обвинувања кои дојдоа од страна на СДСМ, а претходно од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се огласи Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
„Агенцијата за катастар на недвижности, согласно Законот за катастар, не носи ниту брише решенија по сопствена волја – постапува исклучиво по доставување на правен основ издаден од надлежен орган.
Во конкретниот случај станува збор за правен основ – решение за легализација, издадено и доставено од општина Чаир. Катастарот, согласно законските надлежности, проверува дали документот е издаден од надлежен орган, дали е правосилен и потпишан од овластено лице – и врз основа на тоа врши упис или, доколку условите не се исполнети, го одбива барањето со соодветна потврда.
За веродостојноста на решението одговара органот што го донел актот, во овој случај – општината. Дополнително, по доставување на решение за поништување на легализацијата од страна на општина Чаир, заедно со уплатена такса, уписот беше избришан во законски предвидениот рок. За веродостојноста на овој акт – Решение за поништување – одговара исклучиво органот што го донел, односно единицата на локалната самоуправа“, напиша тој