Скопјанец бегајќи од полицијата фрлил 100 кеси марихуана и повредил полицаец
Вчера околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје.
Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода.
При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден полициски службеник.
По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.