Како Пекер влезе во центарот за персонализација на пасоши во МВР!!

Во скоро сите земји во кои се израборува и издава биометриски пасош според меѓународните стандарди и спецификации за израборка на биометриски пасоши кои ги пропишува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) при ООН (ICAO) за информирање на граѓаните, за потребите на стручната јавност и науката, ЈАВНО Е ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на биометриски пасош и што се’ содржи тој. Скоро и да нема тајни околу софистицираноста и податоците кои се содржани во биометрискиот пасош.

ВРВ на оваа транспарентност е Германија, чиишто пасош е рангиран на ТОП ЕДЕН местото во светски рамки

Високиот процент на Германци кои без никакво воздржување и на доброволна основа ги дозволуваат своите биометриски податоци на јавните власти во Германија кои се вградени во софистицираната електронска документација на Германците е заради ДОВЕРБАТА ВО СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА на нивните лични и биометриски податоци.

Од тие причини Германија стана и европски лидер во градењето на регулативата и системите за размена и заштита на биометријата за граѓаните во Европа во рамките на европските институции.

Иако нашиот биометриски пасош ги следи меѓународните стандарди и спецификации на ICAO, заради што и влеговме во зоната на визната либерализација, при што нашиот пасош беше рангиран како 47-ми по безбедност, сепак кај нас НЕ Е ЈАВНО ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на пасошот

Кога зборувам за процедура, не мислам на поднесувањето на барањето за издавање на пасош, туку на чекорите од поднесување на барањето, процесот на движење на барањето, изработката, проверката и издавањето на биометрискиот пасош.

На темата биометриски податоци (ДНК, отисок од прсти, дланка, ушна школка, зеница итн), скоро и да не се зборува, а камоли да е познато за што се’ може, мора, треба или не треба да се даваат овие податоци. Секако, темата со отисоците од прсти се познати при нивно аплицирање за возачка дозвола, лична карта и патна исправа, и сега од скоро како БУМ идеја за гласање со отисок на избори

Германците со највисок степен на доверба во заштитата на нивните биометриски податоци уште не разговараат на тема гласање со отисок од прст, ама затоа ние во ек на системски скандал со тргување со идентитети и купување оргинална биометриска документација стигнавме до стапен да промовираме биометриска идентификација за гласање на избори

Македонскиот (second generation) биометриски пасош

Биометрискиот пасош е документ кој содржи елементи на заштита од фалсификување.

Податоците за носителот на пасошот се ПЕРСОНАЛИЗИРААТ на втората страница од пасошот, а вградениот бесконтактен RFID ЧИП персонализиран со биометриските податоци на сопственикот.

Во чипот според стандардите за втората генерација биометриски пасоши, дефинирани се задолжителните податоци организирани во „логична структура на податоците“ (Logical Data Structure), организирани во „групи на податоци“ (Data Groups-DG) и 16 подгрупи.

Задолжителни податоци во безконтактниот чип од биометрискиот пасош се: дигиталниот запис на читливите зони, дигитален запис од фотографијата на лицето сопственик на пасошот, дигитален запис од отисокот од прст(и), идентификациски ознаки на носителот на пасошот, сигурносни ознаки, додатни и опциони податоци.

Освен овие податоци на ЧИПОТ во биометрискиот пасош се наоѓа и посебна датотека EF.SOD во кој се обезбедува сигурноста на документот (Security Object of Document) кој содржи листа со хаш-вредност на секоја група на податоци како и на самиот пасош, дигитално потпишани од државата издавач на патната исправа, заради заштита на логичката структура на податоците и овозможување на земјата примател да ја провери автентичноста и интегритетот на податоците кои се наоѓаат на чипот во пасошот.

Како завршен чекор во ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА на биометрискиот пасош е ЗАКЛУЧУВАЊЕТО на чипот што овозможува исклучиво дигитално читање (без промена) на податоците од чипот.

Од аспект на видот на впишувањето на податоците и заштитата на податоците, станува збор за Еxtended access control (EAC) на пасошот.

Нашиот пасош е од најновата генерација (втора) на пасоши кои земјите од ЕУ, во согласност со Регулативата EC 444/2009, почнаа да ги издаваат. EAC пасошите подразбираат повеќе дигитални сертификати и посебна заштита на ОТИСОКОТ ОД ПРСТ во однос на биометрискиот пасош од претходна генерација.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на биометриски пасош

Ако ги прашате граѓаните на кој начин се издава биометриски пасош во државата, малкумина ќе ја знаат постапката за аплицирање, од аспект – каде и како се аплицира, кој образец се пополнува, кој податоци се бараат итн. Но, секој втор ќе знае да каже дека за пасош се чека, потребни се врски, не работи телефонот за закажување на сликање и дека се чека подолго време додека се земе. А скоро никој, или ретко кој знаат дека пасошите не ги прават момите и момчињата што сликаат, зимаат отисок од прсти и електронски потпис во една мала канцелариичка во зградата на МРТВ.

Откако пукна системскиот скандал со тргување со идентитети за оргинални биометриски пасоши, и откако ги прикажаа (по медиумски стандарди) приведените фотографи и контролори од Секторот за управно-надзорни работи при МВР, нема човек што нема да поветува дека тие 9-те приведени се најодговорните во овој скандал со меѓународна димензија (ако се има во предвид значењето на погоре пишаното)

Која АЛКА во синџирот фали

Сите светски агенции задолжени за заштита на биометријата во меѓународната кореспонденција зборуваат за ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на ЧИПОТ со биометриски податоци и ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на втората страна од пасошот со личните податоци на сопственикот на пасошот

Што значи ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА е третата и најважна фаза во изработка на биометриски пасош

Првата фаза е пополнување на образец за издавање на патна исправа, па идентификација, па сликање, па потпис, па оставање отисок и чек-ливче дека чекате пасош за подигање

Втората фаза е увидот на документите врз основа на кои се издава пасошот – лична карта, извод на родени, извод од државјанство, споредба со податоците со друга сродна база (возачка дозвола и сл.) Доколку во оваа фаза се покажат сомневања во основаноста на барањето и валидноста барем на еден од документите како основ, процесот застанува и не оди во трета фаза.

Третата фаза – фазата на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на пасошот може да се случи ЕДИНСТВЕНО ако не постои никакво сомневање околу ОСТАВЕНИТЕ податоци од барателот и совпаѓањето и автентичноста на податоци со податоците во постоечката база. Ако сите овие КОНТРОЛНИ проверки и пребарувања се извршени со 100% сигурност, ПЕРСОНАЛИЗАТОРОТ кој во основа ГО ИЗРАБОТУВА биометрискиот пасош пристапува кон изработка (требување на обрасци и изработка на пасошот по ICAO стандардите)

Откако ќе се изработи КОНТРОЛОРОТ ЗА КВАЛИТЕТ го проверува и преку дистрибутер го доставува до местото од каде барателот треба да го подигне ЛИЧНО со АВТЕНТИЗАЦИЈА која подразбира совпаѓање на биометриските податоци и податоците од (биометриската) лична карта со онаа пасошот

Подигањето на пасошот е повторно по тие ходници и шалтер – слично на амбиентот на поднесување.

Кој ја прави ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА

Во рамките на МВР во рангот на првите организациски единици кои се сервис на скоро сите други единици е Одделот за информатика и телекомуникации со кој раководи Помошник на Министерот и Началници на секое одделение или отсек. Познат Помошник Министер на овој многу важен Оддел во МВР беше Небојша Стајковиќ познат по Финзи, Ексико, Телеком, Коста Крпач, Трезор итн., итд.

Во рамките на тој Оддел за информатика и телекомуникации срамежливо се крие

Отсекот за персонализација на документи со кој раководи Началник и во кој работат околу 30-тина души

Освен Началникот сите вработени таму се со средно образование кои извршуваат многу одговорна и софистицирана работа – ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА и ИЗРАБОТКА на БИОМЕТРИСКИ ПАСОШИ

Да, и таму има КОНТРОЛОРИ, а има и такви што превземаат податоци од централна база на податоци

Она што е многу важно за овој Оддел, а особено за овој Отсек е строгата потреба од физичка, административна, информациска и комуникациска безбедност на самиот процес на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на патните исправи

Секој чекор во овој процес, секое логирање во било кој систем се евидентира, просторот е под строг контролиран влез под континуиран видеонадзор и целокупната комуникација оди преку криптозаштита

Тука ќе застанам …

До следното продолжение ќе почекам да видам дали „стручната“ дискусија за порозноста и корумпираноста на системот ќе се сведе на фотографот, шалтерџијата, контролорот на фотографот и портирот (фамозните управни служби), или пак, ќе постои потреба за поголема транспарентност на процедурните за изработка и издавање на пасошите тука.

Не сме Германија, не се лажам воопшто, но сакам да знам дали, фотографот во управните служби на МВР е човекот кој може некому да му го продаде МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ

Кој се добил пасош, врз основа на кое државјанство, извод на родени, лични карти и биометриски податоци ќе почекам да ни кажат и други – попаметни од нас и нашите институции. А до тогаш, ќе “претпоставам” чии идентитети се крадени и продавани, каде се уште фалсификаторите кои на незконски начин го опремија МВР со опрема, апаратури и терминали кои дремат по ќошиња, за да може „системот“ на тргување со идентитет да биде БЕЗ КОНТРОЛА на тие што ЧИПИРААТ и што мислат дека сите сме ЧИПИРАНИ и вештачки

Back to top button
Close