Како се случи Драгослав Бокан, за кого Македонија е вештачки конструкт што ќе се распадне, да беседи пред Ковачевски и Мицкоски
Ден петок. Датум 27 јануари 2023 година. Српската заедница го одбележува својот национален празник – Денот на Св. Сава, а по тој повод, како и секоја година, во Македонскиот народен театар е организирана Светосавска академија.
Првите редови во МНТ резервирани и во нив со почит кон празникот седнати претставници на Владата на Северна Македонија – премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во првите редови, лево од владините претставници седат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
Додека „организаторот“ Стоилковиќ ги претставува високите гости, најдолготраен аплауз од присутните добива рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
Атмосферата пригодна, свечена, како што доликува на празникот. Како и говорите и обраќањата на Стоилковиќ, премиерот Ковачевски, српскиот министер за одбрана Вучевиќ…
Меѓу нив и еден контроверзен лик, со важна улога.
Целиот текст на 360.мк