Како се снаоѓа Струга со загадената вода?

Откако надлежните соопштија дека водата од градскиот водовод во Струга е небезбедна за пиење поради зголемена заматеност и сомнежи за загадување, жителите се принудени да купуваат флаширана вода за пиење и готвење или да носат вода од околните села и извори, објави „Фактор“.

Дел од граѓаните велат дека дневно трошат од 100 до 200 денари за вода, што претставува дополнителен товар за семејните буџети, особено за поголемите семејства и пензионерите.

— Купуваме вода, дали имаме или немаме пари, мора да земеме. За пиење и готвење користиме купена вода, а за капење од чешма. Дневно трошам околу 200 денари — вели жител на Струга за „Фактор“.

Back to top button
Close