Како што е денес сончев и убав денот,така да ни биде цела година.Арсовска ги поздрави Скопјани од пред Соборниот храм

Денес како што е убав и сончев денот така да не послужи и таква да ни биде целата година. Добро здравје, среќа, благосостојба и многу љубов во 2023 година, им порача градоначалничката Арсовска на насобраните верници пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Да ви посакам на сите вас да бидете среќни, весели, да имате добро зравје, да се сакате меѓусебно, да работиме на тоа оваа година да биде подобра од минатата, да ги надминеме сите предизвици кои ги имавме претходната година. Денес како што е убав и сончев денот така да не послужи и таква да ни биде целата година. Добро здравје, среќа, благосостојба и многу љубов во 2023 година, беше честитката што градоначалничката Данела Арсовска ја упати до насобраните верници пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје по повод денот пред христовото раѓање Бадник.

Пред присутните обраќање имаа и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, здравичарот Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски и кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски нагласи дека денешниот празник Бадник и утрешниот Божик се празници кои не зближуваат со нашето најголемо богатство – нашите семејства, роднини и пријатели. Тој на присутните им посака убави празнични денови, да ги одбележат во љубов, спокој, благосостојба и во себе да го пронајдат душевниот мир.

Здравичарот Стефков порача годинава на сите да им донесе бериќет, помалку грижи и пред се добро здравје. На земјоделците им посака убав род и полни амбари, буриња со вино, на рибарите крупен улов на нашите реки и езера, на ловџиите многу дивеч, на студентите и учениците убави високи оценки и на нашата држава успех на сите полиња.

Бадникарскиот кум за 2023 Мојсовски се осврна на почетоците на бадникарскиот одбор Бадникари.

„Како вчера да беше кога пред точно 30 години за првпат го почувствуваме гостопримството на светите лица во Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’. Добивме претходно благослов од г.г. Михаил кој ни го даде името Бадникари. Беше малку порано отколку што е сега и пред објектот имаше многу малку луѓе за ралзика од сега. Нашата приказна е мошне долга и интересна. Дозволете на сите да ви ја честитам новата година и да ви посакам се што е лошо да остане зад вас, поминете ги добро празничните денови“,

Back to top button
Close