Како со изјава во која сам тврдиш дека ги исполнуваш условите добиваш лиценца за кабаре

Клучниот документ за добивање лиценца, кој се однесува на исполнувањето на техничките услови на еден објект, како излези, заштита од пожари, вентилација и сѐ останато, го пополнува самиот барател. Апсурдот е во тоа што никој не проверува на терен, пред да ја добие лиценцата, дали изјавата му е вистинита. За точноста на податоците, едноставно одговара со даден збор под полна материјална и кривична одговорност. И толку, пишува 360 Степени.

Единственот документ на барателот кој му зависи од „друг“ е согласност од МВР дека неговиот објект ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот.

Но, и тука се нашла дупка. Министерот Тошковски вчера директно обвини дека полицајци изготвувале вакви позитивни мислења, иако не биле исполнети условите за такво нешто.

Клучен е, сепак, членот 21. Таму пишува кои документи му се потребни на еден бизнисмен, ако сака да побара лиценца за кабаре.

Прво што треба да направи угостителот е да поднесе барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија и труд. За кабаре, цената се движи од 2 500 до 5 000 евра.

Кон барањето се доставуваат и:

  • Решение за упис во трговскиот регистар;
  • Одлука за определување на висината на надоместок (којшто го определува општината);
  • Пријава за исполнување минимално-технички услови за вршење угосителска дејност;
  • Согласност од МВР за услови за заштита на јавен ред и мир и безбедност во сообраќајот и
  • Доказ за платена административна такса.

Под овој параграф можете да погледнете како изгледа клучниот документ во овој список – Пријавата за исполнување минимално-технички услови за вршење на угостителска дејност. Тоа се шест страници на кои барателот самиот си пополнува – што исполнува, а што не. На крајот, става потпис веднаш под текстот „Изјавувам дека сите податоци дадени во пријавата се вистинити“.

Во ниту една одредба потоа од Законот за угостителска дејност не е пропишано дека изјавата треба да се провери

….

 

повеќе

Back to top button
Close