Како верувањата за Ноќта на вештерките се менуваа низ историјата

 

Кловнови, зомби, вештерки може да се видат како се шетаат низ улиците на 31 октомври. Ноќта на вештерките се прославува низ историјата на различни начини низ различни митови и легенди.

Традицијата на Ноќта на вештерките потекнува од Денот на сите светци, но најчесто се поврзува со стариот келтски фестивал Самхаин.

Луѓето палеле огнови и носеле костими за да ги одвратат духовите, според History Channel. Келтите верувале дека во текот на ноќта пред новата година, границата помеѓу светот на живите и мртвите станува нејасна. Во текот на ноќта на 31 октомври, верувале дека духовите на мртвите се враќале на земјата.

„Станува збор за фестивал поврзан со жетвата“, вели Мајкл Д. Бејли, професор по историја и автор на серија книги за вештерство, вклучувајќи ги „Магија: Основи“ и „Од А до Ш на вештерството“.

„И Римјаните имале слични фестивали, многу претхристијански и не христијански имале слични настани“, објаснува Бејли според кого е логично во тој период на годината да се има фестивал бидејќи е средината на есента и време е на жетвата.

„Христијанските верувања влечат линии од тука – вели тој.

Папата Григориј III во чест на светците и мачениците назначин фестивал од 13 мај до 1 ноември. Во 1000 г. н.е., црквата го прогласила 2 ноември за Денот на душите за да им оддаде почит на мртвите, што вклучува и аспекти на келтскиот Самхаин.

Ноќта пред Денот на сите светци била позната ноќта на Халоу, а подоцна и Halloween. Како што одминува времето, верувањата околу вештерството и натприродното се трансформирале и менувале. Во западната култура, постои поделба помеѓу она што се смета за средновековно и модерно.

-Модерното западно општество е рационално и научно и не верува во магија – вели Бејли. „Со оглед на тоа што постои овој период кој го сметаме за предмодерен и на премногу начини сè уште го гледаме како примитивен […] кога се верувало во магија“.

Според Бејли  разликите сепак не се толку големи како што се чинат.

Има луѓе кои експлицитно велат дека веруваат во магија, а има и други кои веруваат во духови и други натприродни суштества.

Магичните верувања во средниот век подразбирале и правење напивки, повикување демони, а во модерните времиња верувањата се повеќе генерализирани во натприродното.

„Една од работите што се случија  со преминот кон „модерното“ и што делови од магијата се отфрлаат ако науката лесно може да ги побие или објасни – вели Бејли.

Вештерки

Не е познато потеклото на етикетата „вештерка“ и луѓето кои практикуваат вештерство.

Поимите witchcraft и witch потекнуваат од староанглискиот wiccecraeft: од wicca (машки) или wicce (женски), „witchah“ и „witchuh“, соодветно, означувајќи некој што практикува магии; и од craeft што значи „занает“ или „вештина“, според Енциклопедија Британика.

Според History Channel најраниот запис за вештерка во Библијата е во Книгата на Саул, Ја раскажува приказната за тоа кога кралот Саул побарал  од вештерката од Ендор да го повика духот на мртвиот пророк Самуил за да му помогне да ја победи филистејската војска.

Некои од верувањата кои ги опкружуваат вештерките се дека сите се жени, дека се поврзани со ѓаволот и носат шилести капи. И покрај верувањето дека сите вештерки се жени, во екот на ловот на вештерки во 1500-тите и 1600-тите низ цела Европа околу 25 отсто од обвинетите биле мажи.

Постојат две можни причини зошто повеќе жени биле прогонувани како вештерки. Во текот на ловот на вештерки, жените имаале поиаков правен статус од мажите, што ги правело „полесни мети“ за правни обвинувања.

-Во обвинувањата за вештерство, жените кои се мета најчесто се жени кои на некој начин немаат мажи околу себе –  вели Бејли.

-Тие не биле во брак, веќе немале татко, немале машки роднини.

Без машки роднини, немало кој да им биде правна заштита.

Друга причина зошто жените биле несразмерно повеќе обинувани за вештерство и прогонувани е затоа што магијата биде поврзана со традиционално женската сфера на делување.

-Тоа е магија што има врска со плодноста […] дури и работи како подготовка на напивки и правење напивки имаат некаква врска со готвењето – вели Бејли.

Според него поврзувањето на вештерките со ѓаволот доаѓа од христијанското разбирање за тоа што е магија.

„Магијата е секогаш, историски гледано, ризична. Таа претставува акција која релихијата ја забранува -, рече Бејли.

Кога христијанството ако монотеистичка религија се шири низ Западна Европа каде претходно религиите билеполитеистички, христијанството како монотеистичка религија со едно добро божество, ангели и светци дошло во контрадиција со другите религии со повеќе божества. Поради ова, христијаните верувале дека сè друго е од ѓаволот.

„Секој кој е фатен како изведува ритуал кој можеби се третирал како магичен, христијанските власти го сметале за несоодветен христијанин, тој морал да биде демонизиран – објаснува Бејли.

Се верува дека црната шилеста капа со која се прикажани многу вештерки потекнува од „Волшебникот од Оз“.

Во текот на европскиот среден век, идејата за тоа што би можела да биде вештерка била врамена со познати старогрчки и римски претстави како што се Кирка и Медеја.

извор

Back to top button
Close