Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство
Со 65 гласа ЗА од вкупно 80 пратеници кои гласаа, Азир Алиу стана новиот министер за здравство на Македонија. Алиу е македонски професор по современи науки и технологии, специјализиран во области како криптографија, кибербезбедност, блокчеин технологии и машинско учење. Тој е поранешен професор на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Од 9 јуни 2025, ја вршни функцијата министер за здравство од редовите на ВРЕДИ.
Новиот министер како свој имот пријавил куќа во Гостиварр, како и два стана во Скопје. Во негова сопственост е и фирмата Digit4all.
Алиу роден е на 15 април во Гостивар, дипломиран инженер по електротехника. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и магистрирал електротехника.
Неговото професионално искуство е збогатено и со членството во Националниот комитет за претприемништво и иновации, каде членувал од 2013 година до 2017 година, период во кој бил и советник за високо образование на претседателот на владата на Македонија.
Автор е и ко-автор на повеќе научни трудови, а неговата научно-истражувачка работа се фокусира на интелигентни системи, анализа на сигнали и мулти-резолуциони слики, обработка на медицински слики и препознавање на облици, машинско учење и паралелно програмирање.
Тој новиот министер за здравство во кабинетот на Христијан Мицкоски од редовите на ВРЕДИ, по оставката на Арбен Таравари.
Новиот министер како свој имот пријавил куќа во Гостиварр, како и два стана во Скопје. Во негова сопственост е и фирмата Digit4all. (Press24)