Калајџиески го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го продолжи денеска договорот со 21-годишниот среден бек Мирче Калајџиески, кој се обврза на верност со битолскиот клуб до јуни 2029 година.
Калајџиески дојде во Битола од словенечкото првенство и се наметна со своите игри, откако мина една и пол сезона во Еурофарм Пелистер 2.
Калајџиески со Еурофарм Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26, а од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и е стандарден во тимот предводен од Рубен Гарабаја.
Еурофарм Пелистер претходно ги продолжи договорите и со браќата Петар и Павле Атанасијевиќ. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/