Калајџиев: ДУИ се недопирливи, има многу озборувања за криминал, а не гледаме постапки


ДУИ се недопирливи, смета универзитетскиот професор по Кривично право, Гордан Калајџиев. Тој во интервју за „Радио Слободна Европа“ ја коментираше перцепцијата на опозицијата дека функционерите од оваа партија се недопирливи за истражителите.

„Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од се ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце“,рече Калајџиев.

Тој во интервјуто главно зборуваше за последните случувања меѓу Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Финансиската полиција. Оцени дека кризата која произлезе од нив е проблематична и дека од нив најмногу загуби Обвинителството.

Според него, обвинувањата меѓу првите луѓе на двете институции, Вилма Русковска и Арафат Муареми покажуваат судир внатре во власта.

Back to top button
Close