Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ – Судството и обвинителството покажуваат дека сакаат „да ѝ учинат“ на власта

Целата приказна со Кочани е доста интересна и би можела да послужи како анализа за некои пошироки појави на целиот систем, огледало за добар дел од проблемите кои се нижат уште од истрагата, истакна професорот Гордан Калајџиев во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс.

– „Прво имаше непотребни притвори, многу процесни мерки кои се сензитивни не се извлекуваат од процесни причини, туку од политички. Мене ме мотивира да објаснам на пошироката јавност, која очигледно не ги познава проблемите, видовме до кој низок степен е кога роднините на загинатите и повредените покажуваат дека не ја знаат улогата на адвокатите, што во модерно општество е непристојно.

Тој притисок доведува во изопачени појави во јавноста, на пример 2% доверба во судството, што е неточно.

Има еден низ на правно сложени прашања, на пример верижната одговорност, дали оди толку наназад во КЗ на нашата држава. Ние во моментот проблемите што сме ги имале со независно судство, традиционалните проблеми на послушност на судството кон извршната власт, сега е на загрижувачки степен. Обвинителството беше под притисок да смисли обвинеие кое ќе направи да се избегне политичката одговорност. ОЈО покажува дека нема способност за контрола на полицијата, судот уште помалку, прва фаза беше контролата на обвинението. Не можете да отворите процес ако има проблематично обвинение, но правната фела не го одобрува концептот на ОЈО да се оди со толку широка одговорност, прво не е законски и правилно, второ дополнително ќе се компилицира се.

Ова ќе го пододложи проблемот, да се сврти вниманието од некои настани, кога ќе добиеме шамар, лош извештај од ЕУ, вели професорот.

Во врска со одговорноста на полицијата, професорот истака дека тој предмет се работи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Овие постапки се погрешно поделени, една е групата на одговорност со самиот пожар, кој предизвикал, требало да спречи итн, тука полицијата има најголема одговорност. Тој дел на истраги е полесен, но очигледно дека таму во делот на одговорноста на полицијата нешто се крие, се мати, тука се менаџира кој би можел евентуално да се спаси. Прашање е дали може да се изменаџира тоа, тие и претходно сакаа да штитат свои структури, па ги жртвуваа за овие полициски службеници, но тоа тешко ќе се скрие.

Вториот тип е кој се делувал да настане пожарот и да има тешки последици, објектот, материјали, противпожарна заштита, објасни професорот.

Беден беше начинот на кој беше искористен јавниот обвинител Коцевски, вели Калајџиев во врска со препукувањата на премиерот Мицкоски со обвинителот Кицевски за кој е најавено разрешување.

– ОЈО покажува дека е на некој начин на услуга на политичките власти, како и судството, „сака да им учини“. Ние традиционално имаме, ОЈО многу малку враќа кривични пријави од МВР, пола од случаите во полиција завршуваат матно, кога ќе дојде до судење особено од кривичната сфера редовно трпат влијание од политиката.

Очигледно со позицијата на послушност на судот политиката не е до крај среќна, тие би сакале до крај да се заштитени, нивниот главен страв е што ќе биде кога ќе паднат од власт, објасни професорот.

– За мене беше шок изборот на последниот обвинител на ОЈО ГОКК, Абази, него го гласаа обвинителите, никој на нив не им поделил пари да гласаат, доволно е да им каже. Очигледно тука нема подигнување на ниво на општа клтура и професионалност, не е проблем само корупцијата, доколку имаме ние професионалност како во Германија нема да има толкав проблем, смета професорот.

Во врска со реакцијата на судиите за соопштението кое го имаа во врска со нападите од премиерот Мицкоски, Кајалџиев смета дека добар дел од судиите и обвинителите имаат интегритет, меѓутоа никој не ги штити од безобразните напади на извршната власт.

Професорот смета дека е погрешен чекор во Македонија главните судии и обвинители да се бираат на избори според американскиот модел бидејќи во Македонија има основни непознавања за судството, ниска култура, неразбирање на базични правни поими.

– Најлесно и најбрзо е извршната власт само да ги тргне рацете од судството.

Висината на платите во судство и обвинителство е своевидна заштита од корупција, објаснува професорот Калајџиев.

– Не знам како премиерот дава или не дава пари, кога тоа е законска материја. Важно е Обвинителството да има технички и персонални ресурси за да работат како што треба. МВР се бори да го задржи приматот во истрагите, наместо тоа да има ОЈО, извршната власт може апсолутно се со МВР, но не и со Обвинителството. Затоа истражните центри за Обвинителството се многу важни, да не се оди преку МВР, веднаш протекуваат информации од МВР, има проблеми со собирање на докази. Сега има наводно по сугестија на Американците, целосно да се одземе таа истражна улога на обвинителот, целата поента е Обвинителот да зависи од полицијата, објасни Калајџиев.

Back to top button
Close