Калајџиев: Односот на власта кон ЈО е непристоен – тоа што си играа со републичкиот обвинител цела година е срамота за една држава
Проф. Калајџиев за „Локално“ пред изборот на новиот јавен обвинител: Нѐ очекува од лошо полошо, власта отворено ги дели судиите и обвинителите на „наши“ и „нивни“
„Има од сѐ по нешто. Јас бев првиот што јавно кажа дека човекот не ветува. Објективно, како прв човек во Обвинителството е најодговорен за лошите состојби таму. Посебно грди беа судирите внатре во самата организација. А дека власта си сака „свој“ обвинител не е тајна“, вели во разговор за „Локално“, универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев за заминувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски од функцијата и неговиот однос со Владата која претходно предложи да биде разрешен.

Калајџиев потенцира дека односот на власта кон Јавното Обвинителство е непристоен. Како што вели, „тоа што си играа со државниот обвинител цела година е срамота за една држава што сака да биде правна држава“.
-Како општество сме жедни за обвинител со интегритет. За жал, оваа власт отворено ги дели судиите и обвинителите на наши и нивни. Оттука не сум оптимист, истакнува професорот.
Калајџиев оценува дека можен е „реваншизам“ со поставувањето на новиот предводник на ЈО.
-Како стојат работите, тоа нѐ очекува. Од лошо полошо, истакнува професорот, додавајќи дека поделбата на позициите во судството и обвинителството е впрочем јасен показател дека конците во оваа власт сѐ уште ги држат политичките и бизнис елитите.
-Далеку е од нас правната држава. Господ на помош. Не гледам кој може да не извлече од оваа кал, предупредува соговорникот
…






