Калајџиев смета дека предметот за Груби е политички монтиран: се прошири листата на предмети за ревидирање од Савески

Професорот по право Гордан Калајџиев ја прошири листата на случаи кои треба да бидат ревидирани, приклучувајќи се на дебатата што ја отвори неговиот колега Тони Дескоски.

Во коментар на социјалните мрежи, Калајџиев наведе дека покрај случаите поврзани со трагедијата во Кочани и обвинението против Жан Митрев, треба да се преиспитаат и други, како што ги нарече, „политички монтирани процеси“.

„Се согласувам со Тони. Кочани мора веднаш да се ревидира обвинението. За Жан Митрев сум пишувал и порано. Има и други политички монтирани процеси. На пример, Скопје 2014; Артан Груби и сл.“, напиша Калајџиев.


Со ова, тој ја прошири листата на предмети кои, според дел од правната јавност, треба да бидат предмет на преиспитување, меѓу кои се споменува и актуелната истрага поврзана со Артан Груби за злоупотреби поврзани со Државна лотарија и набавка на ВЛТ апарати.

Ставовите доаѓаат во период на засилени критики кон обвинителството и повици за темелна ревизија на повеќе високо профилирани предмети, со цел враќање на довербата во правосудниот систем.

 

Back to top button
Close