Календарот на Кејт Мидлтон е празен до крајот на годината

Многу од вработените треба да го знаат точниот распоред на настаните неколку месеци однапред. Календарот на Кејт, како што ми е кажано, е празен до крајот на годината. Ништо не е испланирано. Како што стојат работите, не треба да се очекува дека таа ќе се врати во во јавноста до крајот на годината“.

Оваа информација за принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја споделил извор од Кенсингтонската палата за порталот Дејли бист.

Принцезата од Велс не е видена од Божиќ, лани. Во февруари официјално беше објавено дека била оперирана „во абдоменот“ и дека нејзиното враќање на обврските може да се очекува до почетокот на мај. Сепак, на 22 март принцезата ѝ се обрати на јавноста и во многу емотивна изјава рече дека боледува од рак и дека е на превентивна терапија со хемотерапија.

Британците се желни за каква било информација за здравјето на најомилениот член на кралското семејство, но засега нема новости, а она што се објавува нема оптимистичка нота.

Порталот цитира и наводен „близок пријател“ на принцот и на принцезата од Велс, кој тврди дека главната причина за долгото отсуство и празниот календар на Кејт е „грижата за нејзиното физичко и ментално здравје“.

Тој додаде дека наскоро, штом заврши учебната година, целото семејство ќе се пресели во Сандрингем во Норфолк. Овој огромен имот, заедно со замокот Балморал во Шкотска, ќе им овозможи поголема приватност и мир.

 

Back to top button
Close