Калеска: Нема да помине обидот за политизирање на пописот

Обидите да се политизира процесот на попишување нема да поминат, порача пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, во гостувањето на ТВ 24. Таа истакна дека граѓаните кои живеат надвор од државата 12 месеци ќе бидат попишани посебно и нема да влезат во пописот на резидентно население.
-Се попишува и имотот, недвижноста, фирми, станови. Сакам да кажам дека граѓаните ќе бидат на посебна листа и нема да влезат во попис на резидентно население.  Но, ние ќе знаеме колку имот имаат тука, структурата, од каде потекнуваат тие – рече Калеска-Ванчева.
Обидите да се калкулира со проценти за етничка припадност, според неа, се непотребни.

Back to top button
Close