Камала Харис веќе гласала, ливчето патува во Калифорнија
Анкетите од повеќе извори покажуваат дека Камала Харис и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп ќе водат „мртва трка“ за позиција во Овалната соба
Кандидатката на демократите за претседател на САД, Камала Харис веќе го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија каде што е регистриран гласач.
„Јас всушност само што го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Така гласав“изјави Харис во Детриот, пренесе Си-Ен-Ен.
Воедно изјави дека верува во системот и дека нејзиниот глас ќе стигне во матичната држава. Таа исто така преку платформата X упати порака до гласачите:
„Вашиот глас е вашата моќ’“.
Актуелната потпретседателка ги охрабри гласачите да ги користат онлајн ресурсите за да го планираат своето гласање.
Во трката за претседател, анкетите од повеќе извори покажуваат дека Харис и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп ќе водат „мртва трка“ за позиција во Овалната соба