Камбоџа го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир
Камбоџанската влада официјално го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, нагласувајќи дека неговиот притисок врз Пном Пен и Бангкок придонел за прекин на огнот во неодамнешниот вооружен конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд.
Во писмо упатено до норвешкиот Нобелов комитет, камбоџанскиот премиер Хун Манет оцени дека интервенцијата на Трамп помогнала да се спречи „потенцијално разорен конфликт“ и да се врати мирот по заедничката граница.
Манет му ја припиша заслугата на Трамп за „визионерската и иновативна дипломатија“.