Камбоџа усвои закон за одземање на државјанство поради дослух со странци
Парламентарците во Камбоџа денеска усвоија закон со кој се дозволува одземање на камбоџанско државјанство на лицата обвинети за „дослух со странци“.
Мерката беше критикувана од групите за човекови права, стравувајќи дека може да се користи против политичките противници.
Точно 120 пратеници присутни во Националното собрание, вклучувајќи го и премиерот Хун Манет, едногласно го одобрија законот.
Коалиција од 50 групи за човекови права предупреди дека законот е „нејасно напишан“ и дека ќе „има катастрофален, застрашувачки ефект врз слободата на изразување на сите камбоџански граѓани“.
Законот сè уште треба да биде усвоен од Горниот дом на Парламентот на Камбоџа пред да биде потпишан од шефот на државата, но тоа се смета за формалност.
Организациите за човекови права редовно ја обвинуваат Камбоџа за потиснување на секое несогласување и газење на основните слободи.
Во последниве години, властите ги засилија гонењата на истакнати опозициски личности кои останаа во земјата, а некои беа осудени на затворски казни.