Камбовски: Некоја држава може да сугерира што било, но наша одлука е дали ќе се отвори Уставот

Сите прашања околу положбата на етнички заедници, групи и слично се прашања на секоја една држава. Некоја држава може да сугерира што било, но прашањето зависи од нас самите, од нашата одлука.  Значи ние имаме механизми за тоа, ако се поведува иницијатива за промени на Уставот, тоа треба да биде наша одлука, изјави денеска академик Владо Камбовски пред Годишното Собрание на МАНУ, одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Софија за внесување на Бугарите во Уставот.

Камбовски тоа не го оценува како мешање во внатрешните работи на земјава, бидејќи, како што рече, тука никој не може да се меша и да диктира што ќе правите.

– Тоа самите го правите или не го правите, поаѓајќи од тоа дека ако оцените дека треба да го правите, тоа го правите аргументирајќи го својот потег со меѓународните стандарди, со постојната уставна рамка, стандардите за човекови права и слично, рече Камбовски.

Back to top button
Close