Камчев има право да одлучи каде ке се лечи, реагира одбраната на притворениот бизнисмен


Во врска со објавата на Вашиот портал денес, на 14.10.2021 година, со наслов ,,Камчев одбил прегледи на Кардиологија, сакал да оди во приватна клиника’’, во која е вклучена и изјавата на директорот на затворот КПУ Скопје Филип Андов, како одбрана на г-динот Јордан Камчев, а во насока на транспарентно пренесување на информациите и пласирање на истите во јавноста Ве информираме дека според Уставот на РСМ, г-динот Јордан Камчев, исто како и сите останати притвореници има право да одлучи каде ќе се лекува, односно, дали испитувањата и прегледите ќе избере да му се вршат во приватна или државна клиника. Согласно тоа, кој точно е органот во оваа држава кој ја прави проценката на кои притвореници им се дава право да одат на преглед во КБ ,, Аџибадем Систина’’, а кои на државната Клиника за Кардиологија?

Исто така, како одбрана бараме објаснување каков е тој ,,сериозен’’ медицински преглед кој од КПУ Скопје планирале да го направат со спроведување на г-динот Камчев до Клиниката за Кардиологија во 15 часот попладне? Неопходните анализи, крвна и биохемиска анализа, не се вршат на пациенти во 15 часот попладне, а истите во овој случај се неопходни да бидат направени.

Воедно Ве информираме, дека неговата ,,хронична терапија’’, како што наведувате во Вашата објава, сама по себе е сериозно здравствено нарушување кое е дополнително, видливо влошено за време на неговиот притвор, а претходно е потврдено и од врвни кардиолози од Р. Австрија, Р. Словенија и РСМ.

Правна одбрана на г-динот Јордан Камчев

Back to top button
Close