Камчев не го платил реновирањето на ќелијата во затворот во Струга. Може само да ја уреди како сака

ФОКУС: Дали е точно дека со месеци претходно Камчев ја реновирал келијата каде што треба да престојува? Дали е тоа една од причините поради кои на екипата на „Фокус“ не ѝ беше дозволен влез во затворот во Струга?

СПАСОВСКИ: Во текот на 2021 година, во Казнено-поправниот дом Струга беа вложени капитални инвестиции од Буџетот на Управата за извршување на санкциите, со кои беше заменета покривната конструкција на домот, потоа беа заменети старите прозорци со нови, како и останатата столарија и реновиран ентериерот во установата.

Ова го нагласувам од причина што сакам да Ви укажам дека ниедно осудено лице немало потреба да реновира, ниту смее да реновира во установата, а најмалку тоа смее да го прави некој што во иднина ќе издржува казна затвор, како што наведувате дека тоа го направил осудениот Камчев.

Единствено што е дозволено, согласно Правилникот за куќен ред на осудените лица, е тие да го уредуваат животниот простор со лични предмети, како една од погодностите што им е дозволена за доброто поведение и залагање во работата, за поттикнување добро однесување и за развивање чувство на одговорност, интерес и соработка во третманот што се спроведува во установата..

повеќе

Back to top button
Close