Камен-темелник за училишна спортска сала во кичевското село Гарани 

 Со пригодна свеченост во дворот на училиштето „Милто Гура“ во кичевското село Гарани денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нова училишна спортска сала. Градежните работи ќе ги изведе градежното претпријатие „Гранит“ од Скопје, а  инвестицијата е околу 400.000 евра од Банката за развој при Советот на Европа и Владата на РСМ.

-Новата спортска сала е дел од проектот за изградба на 145 училишни спортски сали во земјава и ќе располага со корисна површина од 1000 квадратни метри. Нејзиното завршување се очекува за околу девет месеци и не треба да потсетуваме од каква важност ќе биде салата за ова училиште. Изведувач на работите е ГП „Гранит“ од Скопје. Покрај спортската сала, со средства што ќе ги обезбеди Владата, таа ќе биде опремена со спортски рекзвизити за повеќе спортови, истакна директорот на училиштето Кујтим Касами.

Министерот за образование Арбер Адеми истакна дека со камен-темелникот за нова модерна спортска сала, Владата и МОН покажуваат дека се грижат за потребите на училиштата, за подобрување на училишната инфраструктура, а со тоа и за подобрување на квалитетот на наставата.

– Посакувам од оваа спортска сала да излезат спортисти со кои сите ќе се гордееме,  рече  Адеми на настанот на кој присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, пак, посочи дека денешниот настан потврдува дека се работи во  интерес на граѓаните, а за тоа потврда, како што рече, е што темелот се поставува по завршување на изборниот процес. Посака по девет месеци повторно да се соберат за свечено пуштање во употреба на новата спортска сала.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close