Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

По крајот на мечот од кошаркарскиот плејоф меѓу МЗТ и Пелистер, на заминување од Скопје бил каменуван автобусот со навивачката група на битолскиот тим, Чкембари.

Битолскиот клуб преку соопштение информираше за инцидентот, соопшти дека неколку лице се повредени и изрази надеж дека МВР ќе го расчисти случајот.

„Згрозени сме и го осудуваме инцидентот кој го доживеаја навивачите од Битола, од навивачката група “Чкембари“ кога по завршувањето на првиот натпревар од финалната серија од плеј-офот на кошаркарската лига во Скопје, на излезот од Скопје кон Битола, во возење е каменуван и демолиран автобусот со кој патуваше навивачката група “Чкембари“ од Скопје. Повредени се и неколку лица.

 

Back to top button
Close