Камер Идризи, лице познато за МВР, е убиениот во вечерашното пукање во Бутел

 

Камер Идризи, роден во 1978 година, е лицето кое вечерва загина во престрелката во скопски „Бутел“, дознава „А1он“ од доброупатени полициски извори.

Идризи е лице познато за полицијата, а според нашите извори, во престрелката тешко ранет е и неговиот внук.

Убиството се случи доцна вечерва, на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. Од МВР за „А1он“ веќе потврдија дека од првичните информации знаат дека е пукано од возило кон друго возило марка „голф“ во кое се превезувале две лица.

 

Информациите се дека кон лицата биле испукани дури 80 куршуми, од возило марка „Ренџ Ровер“.

„Во СВР Скопје околу 22 часот пријавено е пукање од возило кон друго пмв ‘голф’ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, одосно на паркингот. Во возилото ‘голф’ во кој било пукано, биле две машки лица, од кои едно им подлегнало на повредите во Клинички Центар. Увидна екипа на терен се работи на расчистување на случајот“, изјавија од МВР за „А1он“.

 

Back to top button
Close