Камерман во МТВ почина од коронавирус
Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот. Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век. Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија. На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.






