Камион се преврте на автопатот Гостивар-Тетово, возачат е полесно повреден
Камион марка „рено“ со скопски регистарски таблички се преврте на автопатот Гостивар-Тетово, на еден километар после наплатната станица Гостивар, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Како што информираа портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, незгодата се случила денеска околу 10 и 15 часот, кога камион се превртел на автопатот Гостивар-Тетово.
„Товарно возило ‘рено‘ со скопски регистарски таблички управувано од Ф.Џ. (23) од гостиварско Калишта, се преевртело на патот. Во незгодата, возачот се здобил со полесни телесни повреди, изјави тој.