Камион во кој имало 43-ца мигранти удрил во патарина, возачот избегал

Во камион со скопски регистерски таблички биле превезувани 43-ца мигранти, а во еден момент шоферот удрил во една од кабините на наплатната рампа Миладиновци, по што избегал.

-Во 07.50 часот на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица Миладиновци, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините. По незгодата, возачот побегнал од местото, а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција. Во незгодата, едно лице се здобило со телесни повреди, велат од МВР.

Отаму додаваат дека за настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Back to top button
Close