Камла Харас ги повика Американците да иозлезат и да гласаат
Демократската претседателска кандидатка Камала Харис ги повика Американците да излезат и да гласаат. Харис ја пренесе својата порака во пренос на локална радио станица во Џорџија – држава која се смета за клучна во претседателската трка.
„Ги охрабрувам сите да излезат и да гласаат“, рече Харис.
Според неа, овие избори се „пресвртница“.
Харис додаде дека таа и нејзиниот противник – Доналд Трамп, нудат две многу различни визии за иднината на нацијата.