Кампања за одбележување на 2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2-ри јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.

Овој ден Ве покануваме на неколку онлајн настани, кои можете да ги следите преку нашите социјални медиуми:

  • 02.06.2020 – Онлајн подкаст на тема „Живот под маска – сексуалната работа и работничките права”. За родовиот аспект на работничките права во периодот на криза, сексуалната работа и феминизмот и моменталните проблеми со кои се соочуваат сексуалните работнички и работници, ќе разговараат Наташа Бошков, правничка во Коалиција Маргини Коалиција Маргини и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Тасевска Моника, регионална координаторка на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, и Вилдан Дрпљанин, правник во Хелсиншки комитет за човекови права.
  • Онлајн хуманитарна аукција „Акција за Реакција” на собрани хумани автори за помош на сексуалните работници во време на КОВИД-19. Хуманитарната онлајн аукција ќе започне на 02.06.2020 и ќе трае до 09.06.2020, преку социјалната мрежа на Фејсбук: https://www.facebook.com/starsexwork/. Во текот на оваа хуманитарна недела, ќе се реализираат продажба на дела, фотографии, накит и гардероба, собрани и изработени од хумани автори.
  • 02.06.2020 – “Тие сме” – театарски перформанс со сенки со учество на сексуалните работници. Сведоштва и разговори со сексуални работници за нивната работа и како општеството ги перцепира и реагира на нив. Со што се соочуваат сексуалните работници и од каде црпат сила.

 

Back to top button
Close