Кампања за заштита на водоснабдителниот систем во Скопје

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје почна кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“.

Рационалната употреба на водата, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  го заштитува не само водоснабдителниот систем, туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување.

– Климатските промени делуваат на природата и природните извори, како што е изворот Рашче. Зголемените температури, сушните периоди без дожд и снег придонесуваат за намалување на нивоата на природните извори, а нерационалната употреба и злоупотреба преку диви приклучоци и неконтролирана употреба на водата придонесуваат до исцрпување на изворите и нарушување на системот за водоснабдување, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Наша должност, посочуваат, е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денеска, утре и во иднина.

Злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем граѓаните ќе може да пријавуваат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – [email protected]

www.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Back to top button
Close