Канје Вест ќе ѝ плаќа на Ким 200.000 долари месечно како алиментација
На Канје Вест му е наложено да ѝ плаќа на Ким Кардашијан 200.000 долари месечно како издршка за децата по завршувањето на бракоразводната постапка.Раперот и реалити-ѕвездата ќе го делат старателството над нивните четири деца.
Ким поднесе барање за развод во 2021 година, по осум години брак со Канје, кој го промени своето име во Је.
Во меѓувреме неколку компании ги прекинаа врските со Је поради бројни контроверзи, вклучително и антисемитски коментари.
Во март, Ким го смени брачниот статус и го исфрли Вест од своето презиме.
Прашањата околу поделбата на имотот и старателството над нивните деца се решени во судските документи поднесени во вторникот. Двете страни треба да се консултираат меѓусебно за важни одлуки за благосостојбата на нивните деца, се наведува во документите.
Поранешните сопружници ќе ги делат трошоците за безбедноста на децата, училиште и факултет.