Кан побара од Закерберг да забрани исламофобија на Фејсбук

Премиерот на Пакистан, Имран Кан исптари писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг во кое бара забрана на исламофобијата на социјалната мрежа.

Кан истакна дека растечката исламофобија го поттикнува екстремизмот и насилството во светот, посебно на Фејсбук
– Би Ве замолил да ја забраните исламофобијата и говорот на омраза против исламот на Фејсбук, како што направивте за холокаустот, наведе Кан во писмото до Закерберг.

Фејсбук и Твитер пред неколку дена забранија објавување на содржини во кои се негира холокаустот, геноцидот што нацистите го извршија над Евреите во Втора светска војна.

Back to top button
Close