Канада смета дека одлуката на САД за царини за алуминиум е неприфатлива, најавуваат контрамерки

  Канада оцени дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да врати 10 проценти тарифи на канадски алуминиум е „неприфатлива“ и ја најави својата намера за брзо воведување „контрамерки“ со еднаква вредност.

„Најавата дадена од САД на 6 август, според која ќе воведе тарифи за одредени канадски производи од алуминиум поради национална безбедност, е неоправдана и неприфатлива“, нагласува вицепремиерката Кристија Фриланд во соопштение, пренесе канадски „Ла Прес“.

Премиерот на Квебек, Франсоа Лего изјави дека е „многу разочаран од одлуката на Доналд Трамп да воведе тарифи за увоз на алуминиум“.

Тој на Твитер напиша дека го замолил федералниот премиер Џастин Трудо „да наметне царини за американски производи во знак на одмазда“.

Канадските политички партии исто така реагираа и на одлуката на САД.

Back to top button
Close