Канада: Смртоносен расистички напад со возило – поради „неискажлива омраза“ убиено муслиманско семејство

Еден млад човек излегол од патот со своето пикап-возило и прегазил семејство на тротоарот. Полицијата е убедена: тоа не било случајно, туку намерно.

Четири члена од едно муслиманско семејство во јужен Онтарио настрадаа, додека петиот член,  9-годишно дете, е повредено во планиран напад со пикап-возило, мотивиран од омраза, соопшти денеска канадската полиција. Осомничениот, 20-годишник, е уапсен набрзо по нападот и е обвинет за убиство со предумисла и за обид за убиство.

„Постојат докази дека станува збор за смислен и планиран чин, мотивиран од омраза. Веруваме дека жртвите биле цел затоа што се муслимани“, изјави портпаролот на полицијата во Лондон, Онтарио, Пол Вајт и додаде дека нападот се случил во неделата вечер.

Според неговите зборови, полицијата ги прегледала објавите на социјалните мрежи на напаѓачот, кој е идентификуван како Натаниел Велтман.

Петте члена од семејството чекале да поминат на крстосница кога пикап-возилото влетало во нив во неделата. Имињата на жртвите не се откриени, но станува збор на лица кои имале 74 , 46, 44 и 15 години. Три генерации на семејството се убиени.  Во овој напад е повредено и едно дете на 9-годишна возраст кое е сега на болничко лекување.

Градоначалникот на Лондон,Онтарио Ед Холдер зборуваше за „чин на масовно убиство“, кој произлегува од „неискажлива омраза“.

Ова е најтешкиот напад врс канадски муслимани откако еден вооружен човек уби шест верници во џамија во градот Квебек во 2017 година.

извор: ДВ

Back to top button
Close