Денес околу пладне на Табановце при влез во Македонија е приведен Драган Даравелски

Од анонимен извор добивме дојава дека денес се очекувал влез на осудениот во отсуство Драган Даравелски на граничниот премин со Србија и дека наскоро треба да биде однесен во Идризово,објави канал5.

Како дојде до ова апсење на Даравелски, и дали самото негово влегување во Македонија е дел од организирана акција, од МВР кратко ни изјавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.

Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа – информираше полицијата и најави повеќе детали во текот на денот

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на 7 години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Со истата пресуда судот одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари .

 

Back to top button
Close