Канал 5: Припадниците на Лев Тахор, денеска заминуваат од Куманово

По бурните реакции во јавноста за присуството на членови на еврејската верска заедница Лев Тахор, кои поради невообичаениот изглед предизвикаа негативни реакции кај граѓаните, велат дека се очекува истите уште денес да ја напуштат државата, пренесе Канал 5. Групата е составена од 37 члена од кои речиси половина или 18 се малолетни лица… Тие пристигнале во земјата пред неколку дена и се сместиле на две локации во Куманово, а немале намера да се задржат подолго, односно само транзитирале низ Македонија.

Од МВР пак, велат дека лицата во земјата претстојуваат со легални документи, и уверуваат дека нема простор за паника и загриженост бидејќи тие не се агресивни.

-Направени се соодветните проверки од страна на МВР, овие лица престојуваат легално на територијата на нашата држава. Апсолутно, станува збор за група во која има државјани на САД, Канада, Белгија и јужноамерикански држави, нема никаква нелегална активност, односно влезени се со легални патни исправи, вели Тони Ангеловски од МВР.

Пред да пристигнат во Македонија, групата краток период престојувала и во Босна и Херцеговина каде во разговор со новинарска екипа на Н1 раскажуваат за нивниот начин на живот, но и проблемите со кои се соочуваат поради нивниот нетипичен изглед и верувања.

-Проблемите започнаа кога локалното население во Канада ни испрати социјални работници. Тие сакаа да не натераат нашите деца да ги пратиме во јавни училишта, но нашата света книга не ги кажува истите работи кои децата ги учат во јавните училишта. Нема да дозволиме некој да ги учи дека човекот настанал од мајмун, тоа не е начин на кои ќе ги одгледуваме… поради тоа работите станаа потешки, бевме дискриминирани а дури три семејства беа одведени пред судските органи.

Лев Тахор е еврејска религиозна група основана во 1988 која во моментот се состои од 250 членови. Поради невообичаените верски практики, но и многубројните обивненија за киднапирање и сексуална злоупотреба често се карактеризирани како секта. Честото селење е типично за групата, па така освен во Македонија и Босна и Херцеговина, одреден период престојувале во САД, Канада, Израел и Романија

Back to top button
Close