Канал 5 тврди: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери?!

Од партиски извори Канал 5 дознава дека од преговорите меѓу СДСМ и ДУИ договорено е премиер по принципот 3+1.

Тоа значи три години на чело на владата да биде Зоран Заев ,една година Насер Зибери. Исто така на ДУИ и е доделено управувањето со УЈП и Министерството за внатрешни работи.

Слични информации објави и ТВ24, меѓутоа оваа телевизија вели дека договор се уште нема, туку се работи самп за предлог.

Ова е компромисот кој што како што брифираат за тв 24 извори партиски извори, вчера Ахмети го ставил како можно решение на маса.

Дека ДУИ е подготвена за ваков маневар тв 24 веќе објави. Сепак според истите извори Заев ни во овој предлог засега не гледа можен компромис. СДСМ останува на позицијата дека премиерската позиција е резервирана само за Заев.

Прашањето останува отворено, а двајцата лидери треба дополно да ги преспијат, но и изанализираат аргументите што си ги кажале на вчерашната средба. Дотогаш нивните секретари треба да ги испеглаат разликите кои остануваат на другите полиња. Според информациите на тв 24 освен за премиерското место, на маса се нашле и позициите, особено во третиот ешалон.

Не се исклучува ДУИ да ги добие првите позиции во МЕПСО, Државни патишта, УЈП, а за СДСМ да останат царина, Македонија пат, Министерството за транспорт и врски.

Во планот на Ахмети, според неофицјалните информации се е и МВР, одбрана или генералштаб, како и финансии, вицепремиер за економија. Министерството за правда за кое и Заев и Ахмети велат дека ќе биде клучно во новиот мандат е посакувано и на Бихачка и во Мала Речица.

Официјално и во СДСМ и во ДУИ молк, само велат преговорите на различни нивоа продолжуваат, откако принципите биле утврдени, известува ТВ24.

Дополнето:

Николовски: Не е точна веста на Канал 5 за договор за премиер 3 год Заев, 1 год Зибери

Back to top button
Close